Министерот за здравство, д-р Венко Филипче на социјалната мрежа Фејсбук, објави видео на кое е прикажан папагал кој извикува: Оставка, оставка, оставка!
Во видеото се наоѓаат и написи во кои најголем дел се изјави од д-р Вело Марковски, дадени за одредени медиуми. Се наоѓаат и фотографии и видео материјали како опозицијата не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот.
Видеото неколку минути по објавувањето е избришано.
ТВ21 го обезбеди видеото и може да го прогледнете во продолжение:
