Во Австрија, во близина на Грац, се случи страшен верижен судир, во кој учествуваа повеќе од 30 возила, а 29 лица беа повредени.
Несреќата се случила во неделата, на автопатот А2, а дрон ги снимил немилите сцени.
Несреќата се случила откако истечело гориво од резервоарот на кампер, кој го управувал маж (43) кој се движел во правец на Виена. Возилата што наишле на „дамка“ гориво почнале да се лизгаат по патот и се случила вистински карамбол.
Според медиумите, тинејџер бил префрлен со хеликоптер во болница во Грац откако му биле дијагностицирани сериозни повреди.
