ВИДЕО: Во Србија слета уште еден авион од Кина со медицинска опрема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште еден авион со медицинска опрема од Кина пристигна вечерва на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде го пречека и српската премиерка Ана Брнабиќ.

Според изјавата на премиерката, вечерва е испратена порака за солидарност.

„Преубав пример како светот станува едно во тешки времиња. Како и претходно што слушнавме од многу светски лидери дека во последните неколку недели Европа поминува низ многу тешки времиња од Втората светска војна. Овој лет беше организиран и ни помогна да ја организираме Програмата за развој на УНДП. Опремата пристигна од Тијанџин, Кина. Летот го плати ЕУ, поточно донираше 450.000 американски долари“, посочи Брнабиќ.