Железничка несреќа се случи утрово во Романија, откако возот на релација Букурешт – Плоешти удрил во багер.
Несреќата се случила во 9 часот помеѓу станиците Кривина и Перис. Багерот бил заглавен на железничкиот премин, а возот од силен налет немал време да застане.
Багеристот успеал да излезе навреме и да го напушти багерот, и со тоа да бидат избегнати жртви.
