ВИДЕО: Жена ја скрати косата поради хемотерапија, реакцијата на фризерите го воодушевија интернетот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Видео на кое се гледа реакцијата на тројца фризери откако дознале дека нивната клиентка си ја крати косата поради хемотерапија го преплави интернетот.

Видеото е прегледано речиси 16 милиони пати на Твитер и собра речиси 200.000 лајкови.

На видеото можете да видите како млад фризер со машинка ја отстранува целата коса на една постара госпоѓа додека таа има тажен израз на лицето, а потоа сам ја крати и својата коса од главата. После тоа му приоѓаат колегите кои исто така ги шиша на нула.

„Прекрасни млади момци. Плачев“, „Инспиративно. Вакво сочувство е реткост овие денови“, „Сè уште има хуманост на овој свет“, „Буквално плачам“, „Најдобра објава на Твитер“, се само дел од коментарите .