Видеолотарија ќе ги поддржи натпреварите на КФСМ – Перо Антиќ повика масовна поддршка на македонските кошаркари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државната видеолотарија Касинос Австрија ќе ги поддржи двата меча на Кошаркаската федерација на Македонија. Овие натпревари се дел од преквалификациите за Евробаскет 2025.

„Јас можам во името на Видеолотарија Касинос Австрија дека ова не ни е првична соработка, дека и претходно веќе имаме некоја убава релација, задоволни сме од она што го имаме како соработка и продолжуваме заеднички да стигнуваме до убави спортски резултати. Верувам дека сите заедно ќе навиваме и ќе ја бодриме македонската кошаркарска репрезентација во двата претстојни меча“, истакна Вики Чадиковска.

Претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ вели дека за добри резултати потребно е да се има и добри услови.

„Потребни се одлични услови за овие претсојни два натпревари кои се многу важни, да не кажам дека и февруарскиот циклус не е важен, но овие се клучните натпревари и Видеолотарија излезе во пресрет како  и секогаш да направиме уште подобри услови за нашите репрезентативци“, вели Перо Антиќ.

Натпреварите ќе се одиграат утре против репрезентацијата на Норвешка и во недела против Данска со почеток од 19:00 часот во Гевгелија. Од Кошаркарската федерација и Видеолотарија Касинос Австрија апелираат до граѓаните масовно да ги поддржат македонските кошаркари.