Вјоса Османи за реакциите: Ова е само недоразбирање, ние сме добри соседи, ќе го надминеме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека реакциите во Северна Македонија на случувањата на собирите во Чаир и Тетово, за време на посетата на премиерот Албин Курти, минатиот петок, се последица на недоразбирања, за кои изрази уверување дека двете соседни држави бргу ќе ги надминат.

Во изјава пред новинарите за време на посетата на општина Драгаш, Османи рече дека појавата на знаме на „Голема Албанија“ меѓу поддржувачите на Курти во Тетово е само потез на одреден граѓанин, а не нешто организирано.

Таа ги повика македонските институции, доколку ги загрижува нешто, истото да го адресираат согласно меѓународните стандарди за заштита на човековите права и на правата на немнозинските заедници. Османи во изјавата вели: Северна Македонија е еден од најценетите соседи на Косово, една од државите кои ја признаа независноста на нашата држава во најкритичните моменти, држава која географски ни е најблиска…, затоа и комуникацијата меѓу нашите и граѓаните на Северна Македонија секогаш била одлична и овие односи секојдневно се унапредуваат, рече претседателката на Косово, додавајќи дека Албанците кои живеат во Северна Македонија претставуваат поврзувачки мост меѓу двете држави.