Вкупниот број на загинати во нападот врз Киев достигна 14, меѓу кои и три деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 14, соопшти денес Градското обвинителство на Киев.

Меѓу загинатите има три малолетници – двегодишно девојче, четиринаесетгодишно момче и седумнаесетгодишно девојче.

Едно дете починало на лице место, јавува Укринформ, а две во болница од исклучително сериозни повреди.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 50 лица побарале медицинска помош, а 40 се хоспитализирани.