Денеска во Владата, прес-конференција одржаа потпаролите Муамед Хоџа и Душко Арсовски.
Арсовски на новинарско прашање окоплу наводните средби на премиерот Зоран Заев и Седат Пекер, одговорија дека сето тоа се шпекулации. Пекер во видео порака пред неколку дена напомена дека се знае со македонскиот премиер и дека бил во неговиот дом.
„Премиерот Заев и неговото семејство немало и немаат и никакви средби и соработки и конекции со Пекер. Категорично ги отфрламе како лаги и манипулации во кое семејството Заев се поврзува во било каква корелација со споменатото лице“, рече Арсовски.
