Владата денеска ќе одржи „он-лајн“ седница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата денеска во 14 часот, ќе одржи 41-вата седница, на која, покрај другото, ќе бидат разгледувани и нови мерки во битката за ширењето на коронавирусот. Седницата ќе биде одржана он-лајн, согласно препораките и мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.

„Ве известуваме дека денеска, (вторник, 14.04.2020 година), со почеток во 14:00 часот, Владата на Република Северна Македонија ќе ја одржи 41-та седница. Седницата ќе се одвива преку видео-интернет комуникација, со цел почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД – 19.“, велат од Владата.

Заклучоците ќе бидат изнесени по завршувањето на седницата.