На седницата која се одржа попладнево, Владата донесе одлука со која се укинува задолжителното носење на маска на отворено и се дозволува организирање на свадби, дознава ТВ21 од владини извори.
Олабавувањето на мерките претходно го предложи Комисијата за заразни болести, а усвои Кризниот штаб.
Според најавите ќе може да се организираат свадбени свечености само на отворено со почитубање на епидемилошките мерки. Тоа значи, до максимум 100 гости, со музика на која ќе може да играат само зетот и невестата, а гостите од место да ракоплескаат.
Вчера ТВ21 објави дека угостителите со ваквите мерки не се задоволни и велат дека истите се дискриминирачки.
Задолжителното носење на маска беше воведено во октомври минатата година поради зголемениот број на заразени со коронавирус.
