Во гостување на Националниот сервис, а по прашање од ТВ21 за тоа дали може да се очекуваат конкретно имињата на компаниите што ја злоупотребиле оваа помош покрај списокот кој претходно го објави Управата за јавни проходи, актуелниот премиер Зоран Заев посочи дека владата ќе објави список на фирми за кои се покренати кривични пријави поради злоупотреба на финансиската помош.
„Ние го објавивме јавно конечниот список на кривичните пријави којшто е доставен до Јавното обвинителство. Ќе кажам од утре да го објават списокот кадешто е поднесена пријава од Јавното обвинителство за да се знаат. ЈО кога ги прима пријавите таа почнува да работи, анализира предметот, нормално предистражна постапка си водат. Доколку некој плати во тој период му се зема како олеснителна околност, но тоа е одлука на Јавното обвинителство“, посочи Заев.
