За време на претставувањето на новата програма во Виена, новата австриска влада формирана од Народната партија, социјалдемократите и либералите, најави построги правил за азил и бегалци.
„Договорот успеа благодарение на австрискиот пристап: разговорите ги зближуваат луѓето“, изјави Кристијан Штокер, претседателот на австриската Народна партија.
Коалициската програма содржи силно заострување на законите за бегалци и азил. Така на оние кои им е одобрен азил, им се забранува спојување со семејството. На оние кои им е одбиено бараањето за азил, веќе неко време до протерувањето ќе може да минат на слобода, отколку да бидат сместувани во посебни центри.
Исто така предвидени се измени во кривичниот законик во секторот тероризам. Австрија ќе забрани носење на шамија за девојчиња помлади од 14 години.
„Оваа мерка ќе ја спречи сегрегацијата на девојките“, се наведува во програмата.
