Долгогодишниот претседател на Стопанската комора на Македонија не е повеќе почесен конзул на Црна Гора во Македонија. Црногорската Влада го известила Бранко Азески за одлуката, во која меѓудругото се вели дека ги омаловажил и ги компромитирал највисоките власти во Подгорица, презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на владата.
„Имајќи го тоа предвид, Министерството за надворешни работи смета дека наведените активности можат сериозно да го нарушат угледот на државата, и затоа нема основа за продолжување на неговата функција, по што предложи Бранко Азески да се отповика од должноста почесен конзул на Црна Гора во Штип“, посочија од Министерств за надворешни работи на Црна Гора.
Азески не ја коментира одлуката на црногорската Влада, но се заблагодарува за долгогодишната укажана доверба. И покрај нашите обиди за негов коментар, Азески одлучи писмено да ја инфомира јавноста.
„Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна гора ѝ посакувам брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит.
Инаку, во земјава има околу 40 почесни конзули на странски држави. Освен сега отповиканиот Азески кој беше задолжен за штипскиот регион, почесен конзул на Црна Гора во земјава е и Милорад Андријашевиќ задолжен за регионот Битола“, истакна Бранко Азески, претседател на СКМ.
