Влегол во полно кафуле во Франција и фрлил граната, најмалку 12 повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дванаесет лица се повредени откако граната била фрлена во кафуле во југоисточниот француски град Гренобл, соопштија властите во средата.

Напаѓачот влегол во кафуле кое било полно со луѓе и фрлил граната, а потоа избегал без да каже збор, изјави обвинителот Франсоа Туре-де-Курси.

Инспекторите се уште не го знаат мотивот, но не веруваат дека станува збор за терористички напад, пишува Гардијан. Судијата Кристоф Барет рече дека напаѓачот, исто така, се чини дека носел автоматска пушка калашников, но не ја користел. Неколку ранети се во критична состојба.

„Најостро го осудувам овој криминален чин на екстремно насилство“, напиша градоначалникот Ерик Пиол на Х, заблагодарувајќи им се на службите за итни случаи за нивната работа.

Полицијата потврди дека експлозијата била предизвикана од фрлена граната.