ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ реагираат на Ахмети повикувајќи ги да се реформираат и да не плачат како дете на играчка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Двата потенцијални партнери за Влада, ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, реагираа по прес-конференцијата на Али Ахмет, во име на Европскиот фронт. Од ВЛЕН велат дека се преговара за новата Влада и дека таа ќе ја сочинуваат победникот од македонскиот блок и победникот од албанскиот блок. Оттаму додаваат дека ВЛЕН како коалиција на здружената албанска опозиција на изборите на 8 мај потврдила дека е носител на етничкиот легитимитет на албанските гласачи.

-Ахмети треба да ја прифати реалноста. Одамна веќе нема право да се обидува да го монополизира ЕУ процесот како и процесот на унапредување на етничките права на Албанците во Република Северна Македонија. Уставните измени се еден од најважните приоритети на ВЛЕН, тргнувајќи од внесување на Бугарите во Уставот како услов за продолжување на ЕУ перспективите, бришење на срамната формулација 20% и промена на изборниот модел за шеф на државата.

Ја повикуваме ДУИ да се реформира и да се однесува како одговорна опозиција и, како што додаваат, да не ги жртвува европските перспективи на земјата заради лични и теснопартиски интереси. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ реагираше на Ахмети велејќи дека нема ниту мајоризација ниту шовинизам и дека не е важно што Ахмети се чувствувал навреден.

Важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност. Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е СДС, ниту пак одењето на ДУИ има некаква врска со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците. Затоа што ДУИ не се само Албанците во Македонија, ДУИ е сегментот кој ги крадеше Албанците исто како и Македонците.

На крајот од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека доколку Ахмети мисли дека новите и антидржавни етнички барања преточени во документи и платформи ќе го спасат да оди во опозиција и да ги крие криминалите на неговата партија.