ВЛЕН ќе биде партија од десниот центар – на „Конгресот на обединувањето“ се очекува да учествуваат над 850 делегати

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Над 850 делегати се очекува да учествуваат на конгресот за обединување на ВЛЕН. Партијата ќе биде од десниот центар, соопшти на прес-конференција портпаролот Дритон Сулејмани. Тој додаде дека обединувањето во една партија не е организациска одлука, туку акт на одговорност кон граѓаните и доказ дека кога заедничкиот интерес ги надминува теснопартиските интереси, политиката може да создава решенија, а не поделби. Посочи дека партијата ВЛЕН ќе се ангажира за подобра економија и здравство, квалитетно образование и администрација, зачувување на албанската култура и идентитет, како и за функционална држава во која Охридскиот договор ќе се спроведува суштински, а не само на хартија. Дритон Сулејмани исто така изјави дека покани за учество испратиле до сите политички партии во земјата, освен до Левица. Покани биле испратени и до амбасади, организации и неколку партии од регионот.