ВМРО-ДПМНЕ: Длабоко сочувство до семејствата на жртвите, Заев и Филипче да не се кријат од јавноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ изразува големо жалење во врска со огромната трагедија и загубата на животи на наши сограѓани во текот на пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите во ужасната трагедија и искрено желби за брзо закрепнување на сите повредени од синоќешната страотна катастрофа.

Воедно сакаме да потенцираме дека е важно институциите да го истражат до крај причинителот и да се утврди одговорност, која не смее да изостане.

Целосно разбирајќи го револтот на граѓаните и на тетовчани, aпелираме во овие тешки моменти министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев да не се кријат од јавноста и да излезат со точни податоци и проценки за состојбата. По 12 часа од несреќата не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви. Oтсуството на систем запрепастува.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.