Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Претседателите на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, постигнаа договор за соработка на локалните избори.
Според нив, соработката била неизбежна со цел да се ослободат општините од корумпирано управување, нетранспарентно трошење на парите на граѓаните и злоупотреба на власта од страна на владата на СДСМ и ДУИ.
Во соопштението се наведува дека соработката и поддршката ќе бидат взаемна. Алијансата за Албанците, Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ нема да се кандидираат за градоначалник во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, додека во другите општини ќе се натпреваруваат со сите други партии.
Начинот и деталите за соработка ќе бидат договорени од општинските ограноци на трите страни.
