ВМРО-ДПМНЕ и Вреди прстот го вперија во ДУИ – имаше ли тивок бојкот на претседателските избори?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пропадна обидот за бојкот на претседателските избори. Со овие зборови од ВМРО-ДПМНЕ јавно ја осудија коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ дека имала отворен повик до нивното гласачко тело да не го зема ливчето за гласање на претседателски кандидат.

Дури и претседателот на ДИК Алесандар Даштевски забележа дека излезноста е најмала во општините од Според последните податоци од Државната изборна комисија за парламентарните избори гласале околу 997 илјади , додека за претседателските нешто повеќе од 859 илјади, со што разликата во гласањето е околу 140 илјади што случајно или не некако се совпаѓа и со бројката на гласовите што ги има ДУИ за парламентарните избори.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски вчера обвини дека дел од раководството на ДУИ јавно упатувало да не се гласа за претседателските избори. 

„Покажавме дека оној бојкот организиран од ДУИ, како нација го победивме, дека обидот за дестабилизација на државата, кој што се обиде да го наметне ДУИ беше неуспешен.  Вицепремиерот во заминување, кој што и самиот е симбол на таа политичка дрскост во последните 7 години јавно објави видео во живо, тој јавно денес отиде да покаже насока дека тој гласа само за парламентарни а не за претседателски избори“, порача Тимчо Муцунски.

Во вчерашното Отворено студио на ТВ 21 и од коалицијата ВРЕДИ ја обвинуваат ДУИ за бојкотот.

„ Недвосмислено дека имало бојкот. Нашата процена како ВРЕДИ е дека имаше бојкот од ДУИ за претседателските избори. Исто така нашите информации се дека имаше бојкот и од Левица, значи имаме можеби една случајна синхронизација“, вели Флакрон Беџети.

Илир Хасани од Европскиот фронт, пак, рече  дека тие ги повикале граѓаните да гласат по сопствено убедување, како што додаде, за Пендаровски како про-европски и позитивен пристап кон Албанците и другите, за Силјановска која до последен момент имаше анти-албанска реторика, или пак да не гласат воопшто.

„ДУИ, сега со Европски Фронт, не играше па да го покрие раката, ние сме дејствувале јавно, и сме и даделе јавна ориентација на слободниот глас на граѓанинот, бидејќи мислиме дека нашите гласачи се свесни, особено во 2024 г., дали ќе дадат глас за г-ѓа.Силјановска, за Пендаровски, или воопшто нема да не гласат“, вели Илир Хасани

Цензусот за претседателските избори сепак беше исполнет, на кој излегоа 46,38 проценти од вкупниот број гласачи.