ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема време за губење уште три години со Заев, оставка веднаш

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ со реакција по повод изјавата на Зоран Заев дека во 2024 година планира да се повлече од политиката. Од опозицијата велат дека тоа се многу години за Македонија, и дека актуелниот премиер треба да си замине веднаш.


„Македонија нема време за губење со нови три години и нови предавства на Зоран Заев, оставка веднаш

Македонија нема време за губење. Македонските граѓани немаат уште нови 3 години за губење со Зоран Заев и оваа криминална власт.

4 години национални предавства, 4 години криминал и корупција со Зоран Заев.

Заев е свесен на се помалата поддршка од граѓаните и за драстичниот пад на својот рејтинг и рејтингот на СДСМ и повторно се обидува преку евтини спинови да си купи мир во својата партија.

Без ниту еден капитален проект овие 4 години, со зголемен долг од над 63%, илјадници луѓе кои останаа без егзистенција, со уништена економија и уништени човечки животи, се делата и проектите на Зоран Заев на власт.

Македонија со Заев е на 111-то според скалата на „Транспаренси Интернешнл“ или најкорумпирани и најкриминализирани.

4 години на политизираност на судството и немање на правдата. Без ниту еден отпочнат судски случај за соработниците на Зоран Заев, кои се живи фатени во криминал.

Доста е. Доста се национални предавства и понижување од оваа криминална власт.

На следните локални избори граѓаните ќе го казнат ова криминално владеење на Зоран Заев.

Четири години власт на Зоран Заев, 4 години украден живот. Доста е, оставка веднаш!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.