ВМРО-ДПМНЕ со реакција за пожарот во Тетово, и велат дека и по 16 часа од пожарот, институциите и натаму не даваат информации.
„Поминаа повеќе од 16 часа, владата молчи и не дава никакви информации за трагедијата во Тетово.
Граѓаните чекаат информации, а институциите молчат.
Апелираме до владата Венко и Заев да излезат во јавноста и да споделат се со јавноста што до сега е откриено.
Трагедијата која се случи во Тетово е национален траор кој ја потресе целата нација. Нашите мисли и молитви се со семејствата на починатите, но и желби за брзо закрепнување на сите повредени.
Очекуваме владата навремено да ги информира граѓаните, но и да спроведе се што е потребно за помош на терен, за семејствата на починатите и за повредените.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
