ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака да успеат преговорите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СДСМ ги кочи преговите и сака тие да не успеат. Целта на таквото нивно  однесување е да си го подобрат рејтингот изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, пред Клубот на пратеници. Милошоски обвини и дека опозицијата сака да влезе во Владата така што ќе им обезбеди поголеми овластувања на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои треба да ги предложи.

„СДСМ, рекоа дека нивна цел не е да владеат со ВМРО-ДПМНЕ, но очигледно таму каде што ќе се укотват сакаат да спроведат политика на владеење која нема да ги почитува зкаонските прописи кои што ги предлагаме. Затоа порачуваме СДСМ да не ги менува така чество своите политички ставови за кои претходно сме се договориле”.

Повеќе од евидентвно е кој е неконструктивен во целиот овој период и зошто нема договор. Разговараме за предлози кои се содржани исклучиво во договорот од Пржино. Не бараме ништо што не е во договорот, но не се согласуваме со ништо што е помалку од договорот, изјави Генералниот Секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

“Не е усогласен законот за Влада со што уште еднаш Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажуваат страв од избор на независен министер за внатрешни работи, како и избор на министер за труд и социјала и заменици министри, бидејќи на тој начин сметаат дека може да ги сокријат сите злодела коишто се направени во овие ресори”.

Спасовски посочи  и дека тимот на специјалниот јавен обвинител не е избран докрај со што се крши  и законот за специјално јавно обвинителство. Вината за евентуалното губење на препораката за почеток на преговорите со ЕУ двете партии си ја префрлаат меѓусебно. Инаку ВМРО- ДПМПЕ во клубот на пратеници, претпладнево имаше одвоена средба со посредникот Питер Ванхоуте , по ручек се сретна со Заев, а  до крајот на денот се очекува да се сретне со лидерите на сите партии.