Внимание, опасна игра! – За два дена, 17 деца завршиле во болница поради предизвикот „Супермен“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Предизвикот Супермен е опасната игра што многу деца ја играат во училиштата во земјава и регионот, но голем дел од нив завршуваат во болница со скршеници.

Само денеска во Градската болница во Скопје 6 пациенти на возраст од 8 до 17 години, кои, како што ни изјави лекарот Ристо Пејков, се повредени играјќи го предизвикот „Супермен“ од ТикТок.

„6 од нив имав фрактури  на десталниот радијус, тоа е скршенициот на рачиот зглоб, при што кај децата беа забелижани фрактури на двата рача зглоб. едно дете беше диагностичиран со контузија на коцки, а едно дете се уште на дополнителни следувања . апелираме до учениците да избегнуват учество во упасни предизвици на социјалните мрежи а до родителите да разговарат со своите деца за ризицте од ваквите активности и да го осуветуваат говорно користење на интернет“, вели Ристо Пејков.

Министерката за образование Весна Јаневска со апел, наместо на ТикТок децата да се фокусираат на наставата.

Со денешните 6 случаи, заедно со вчерашните 11, бројот на повредени деца од овој предизвик на друштвените мрежи се искачи на 17. Но, досега во полиција е пријавен само еден случај што се случил на 3 декември во близина на основно училиште во село Зелениково, од родител кој пријавил дека неговиот 8-годишен син се здобил со тешка повреда додека си играл со другарите.