Внимавајте кога возите во Грција! Јужниот сосед ги поскапе казните за сообраќајни прекршоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повисоки цени ќе платат недисциплинираните возачи во Грција. Промените ќе ги погодат и локалните жители и илјадници Македонци кои традиционално летуваат во Грција.

Возачите кои ќе ги прекршат сообраќајните правила ќе треба да платат од 30 евра, до 2.000 евра.

Најсериозни санкции се за возачите кои седнуваат зад воланот откако испиле алкохол. Доколку бидат фатени со над 1,1 промили во крвта, им се заканува казна од 2.000 евра и губење на лиценцата на 2 години.

Поскапуваат и казните за неносење појас, зборување на телефон додека управувате со возило, како и непрописно паркирање.

Исто така пешаците кои нелегално поминуваат преку улица, ќе платат 30 евра.

Новите правила се очекува да стапат во мај.