Внимавајте: Намалена видливост на планинскиот превој Стража поради магла

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Стража, информира вечерва Диспечерскиот центар при ЈП „Македонијапат”.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат” апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.