На некои раскрсници на булеварите во главниот град се забележани поставени камери.
-Министерството за внатрешни работи почна да поставува безбедносни камери на семафорите за евидентирање на евентуални сообраќајни прекршоци, но тие се уште не се во функција.“, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.
Овие камери се наоѓаат на раскрсницата на булеварот „Партизанска“.
Камера има и на раскрсницата кај трговскиот „Мавровка“. Со поставувањето на безбедносните камери секое прекршување на сообраќајниот ред ќе биде евидентирано и ќе се изрекуваат казни.
Во емисијата Клик Плус на ТВ21, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски запрашан кога ќе почнат да работат безбедносните камери, тој рече дека многу брзо ќе бидат во функција.
Тој кажа и еден пример за почитување на законот од еден разговор со еден лекар, правејќи споредба на возењето во земјава и во Германија.
Камерите кои се поставени се дел од проектот Safe City кој во моментов се надоградува. Такви камери има и во Куманово и Тетово а проектот се очекува да се прошири и во другите градови низ земјава.
