Внуката на Шон Конери со семејството замина во Шкотска, за таму да ja расфрлаат неговата пепел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Саскија Конери (26), модна дизајнерка и внука на починатиот актер Шон Конери, сподели необична приказна со своите следбеници на Инстаграм.

Имено, таа и другите членови на семејството на Конери го изнајмиле Royal Scotsman Train за да патуваат низ Шкотска и да ја расфрлаат пепелта на познатиот актер над таа земја.

Според британските медиуми, на патувањето заминале педесетина членови на семејството. Пепелта била расфрлана на неколку различни локации, а во возот семејството се сеќавало на Конери додека добро се забавувале.

На фотографиите се гледа како тимот ужива во храна и пијалок, а може да се видат и традиционални шкотски носии.

Да беше жив, актерот ќе наполнеше 92 години на 25 август годинава. Саскија Конери го одбележа датумот на Инстаграм објавувајќи фотографија од неа и нејзиниот дедо.

Шон Конери почина на 31 октомври 2020 година на 90-годишна возраст. Тој почина во својот дом на Бахамите. Мишелин Рокбрун, вдовицата на Конери, претходно откри дека неговата последна желба била „да се врати во татковината“.

„Беше добар и поминавме прекрасен живот заедно. Беше пример за маж. Ќе ми биде многу тешко без него, свесна сум за тоа, но тоа не можеше да трае вечно, а тој почина во мир, “ изјавила Рокбрун по смртта на нејзиниот сопруг.