Во Струга во 2022 година имало 260 пожари, а во 2021-ва бројката се движела од 280 до 290 каде имало потреба од интервенција на противпожарната служба.
Најмногу пожари се регистрирани во есенскиот период, особено во куќите и становите, а тоа доаѓа како резултат на нечистење на оџаците, вели Фети Мазари, командир на Противпожарната единица-Струга. Тој ги повика граѓаните да ги исчистат оџаците пред почетокот на зимската сезона.
Во овој дел од земјава е поставен нов систем, антени со камери каде веднаш штом ќе се појави чад, тие сигнализираат дека на оваа територија има активен пожар. Ова, како што објаснува Мазари, помага за пожарникарите да можат да интервенираат навреме.
Целиот струшки регион се покрива со 40 пожарникари, 4 камиони и едно возило.
