Во Англија убиено 13-годишно момче – уапсени петмина негови врсници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британската полиција уапси четири момчиња и една девојка на возраст од 13 до 14 години под сомнение за убиство на 13-годишник во Ридинг, Англија.

Вчера нешто пред 16 часот биле повикани полициски службеници на местото на злосторството, по веста дека прободено е момче, соопшти полицијата на округот Темза.

Момчето, кое не било идентификувано, било прогласено за починато на самото место.

„Значително полициско присуство ќе се обезбеди за неколку дена“, соопшти полицијата.