Во автомобил се возите со качени нозе? Никогаш немојте да го правите тоа, еве и зошто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Често во автомобил, особено оној кој е совозач на предното седиште, знае да се вози со нозете качени на таблата која е пред него. Особено ова се случува при големи дистанци, сметајќи дека така ги релаксирате нозете, но правите голема грешка.

Голем дел од оние кои имале лошо искуство со тоа, сега се во кампања каде што ги тераат луѓето никако да не го прават тоа, а дел од нив бараат дури тоа да биде и казниво.

Искуството со возење со нозете нагоре ги искажа Аудра Татум, од сојузната држава Џорџија. Таа се возела со нозете нагоре, иако била предупредена од сопругот кој управувал со автомобилот.

„Му реков дека ништо не може да ми се случи. Секогаш се возам така, и секогаш ме предупредува. Но не го слушав, се додека не се случи незгода“, рекла Татум.

Еден ден при возење, сопругот на Татум имал мала незгода, при што удрил во автомобил, а воздушните перничиња се отвориле. Татум неможејќи да реагира, со колената си го скршила носот, а заработила скршеници и на рамото, зглобот и надколеницата.

„Целата десна страна ми беше со скршеници. Долго врме ми требаше да се опоравам“, раскажува Татум која напоменува дека тоа и било сериозна лекција, и дека само среќата и го спасила животот.

За разлика од неа, нејзиниот сопруг минал без посериозни повреди само поради правилното седење.