Во близина на фудбалско игралиште во Долно Оризари пронајдени три рачни бомби од Првата светска војна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 16.08.2020 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на фудбалското игралиште во с.Долно Оризари, битолско, при изведување на градежни работи, биле пронајдени три неактивирани рачни бомби, кои потекнуваат од Првата светска војна. Бомбите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.