Во „ClickPlus” на ТВ21 Ангелов ексклузивно најавува дека за 1 месец можни се поплави, и ги предупредува градоначалниците (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 ексклузивно најави дека за еден месец ќе има големи поплави, согласно проценките

„Заедно со луѓето од проценка на ризик и загрозување, заклучивме следат поплави во Македонија за неколку недели, можеби и за еден месец, затоа што вообичаено е после вакви суши да има поплави и тоа статистички. Тоа не значи дека сигурно ќе има. Затоа сега ги предупредувам градоначалниците да ги исчистат каналите.

Пред пожарите ги предупредув градоначалниците дека можат да се потпрат само на два хеликоптери во случај на пожар. Тоа е реалноста“, рече Ангелов.