Во државен карантин на сопствен трошок во последните 10 дена спроведени 13 лица, меѓу кои и еден полицаец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, а  две лица не  ја почитувале мерката за  изолација и самоизолација .

Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата  ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци.