Во Италија во последните 24 часа починаа 889 лица, а регистрирани се нови 5.974 нови случаи, јавуваат италијанските медиуми.
Вкупно во оваа земја починаа 10.023 лица. Како што пренесува „Ла Стампа“, во последните 24 часа има рекорд на излечени – 1.434 лица.
Заразени се вкупно 92.472, а досега се излечиле 12.384 лица.
