Во Гази Баба секој ден без престан делат бесплатно ифтари – насмевката на луѓето е енергија за хуманите девојки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Храната за ифтар е подготвена. Околу 250 оброци за ифтар се подготвени за граѓаните на кои им потребно. Група девојки од Рака на милосрдието секој ден на своја иницијатива делат храна а како што велат, барањата се зголемуваат секој ден се повеќе. Од почетокот на Рамазан, Рака на милосрдието има поделено храна за околу 3600 лица.

„До денеска имаме поделено приближно околу 3600 оброци за ифтар. Денеска имаме 254 ифтари, а треба да истакнеме дека имаме испратено и во затворот Идризово, 70 ифтари се испратени таму“, посочи Албана Мустафа.

Љуље Мифтари, доброволец од оваа група, вели дека постојано се зголемува бројот на барања за храна.

„Барањата се големи. Доминира кризата, се гледа критичната состојба на секое семејство, секоја година се повеќе, има многу луѓе што бараат“, додаде Љуље Мифтари.

Оброците за ифтар секогаш содржат месо. Донации има од Македонија но и од дијаспората.

„Менито содржи урми, супа, оброкот се менува секој ден, има разни, но сите оброци се со месо. Нема ден без месо, салата и по едно лепче по лице. Да ви кажам право имавме многу помош од дијаспората, но да не заборавиме и од Северна Македонија ни помогнаа премногу“, посочи Албана Мустафа.

„Имаме, не можам да се пожалам, има доволно. Рака на милосрдието функционира веќе три години и луѓето веќе стекнаа доверба и секој ден се зголемува бројот на донации“, порача Љуље Мифтари.

Девојките не се уморуваат. Кога ќе им ја видат насмевката на луѓето, тоа им дава енергија.

„Не чувствуваме замор воопшто. Оваа иницијатива што ја презедовме ја презедовме со многу љубов. Јас секогаш велам, не сакам да добивам награда од луѓето, најголемата награда ја имаме од Севишниот Господ“.

„На крајот на денот благодарноста и насмевката на луѓето кон нас, е најголемата награда“.

Граѓаните зад камерата беа среќни што насекаде се организираат такви иницијативи за делење храна. Трошоците во текот на месецот Рамазан за секој граѓанин се високи, а барем за луѓето на кои им  е најпотребно, покривањето на храната за ифтар е голема помош имајќи предвид дека и бројот на приматели на социјална помош не е мал.