Во Германија утре се одржуваат вонредни избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Германија на 23 февруари, недела, се одржуваат вонредни парламентарни избори, организирани по распадот на трипартитната коалиција на канцеларот Олаф Шолц, а според анкетите на јавното мислење, најмногу поддршка имаат конзервативците.

Ова е само четврти пат во поновата историја по Втората светска војна во Германија да се одржат вонредни парламентарни избори, а за време на нив повеќе од 59 милиони жители на Германија ќе изберат 630 пратеници кои ќе имаат мандат од четири години и задача да изберат нов канцелар и влада.

На изборите учествуваат 29 партии, но само 10 ќе имаат кандидати во сите 16 германски сојузни покраини.