Во изминатите 24 часа ниту еден пациент не бил хоспитализиран во болниците во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од Ковид-19. Вкупно 46 лица сомнителни и потврдени се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Приеми немало ниту во ковид центарот во ГОБ 8 Септември и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти.

Вкупно 46 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.