За време на кампањата патуваше со автобус за да види со какви проблеми се соочуваат граѓаните.
Данела Арсовска, новата градоначалничка на Град Скопје дури честопати во текот на предизборниот период најавуваше бесплатен јавен превоз.
Но, на првата прес-конференција откако беше избрана за прв човек на Скопје, Арсовска дојде со службено возило. На прашањето – зошто не патува со автобус, таа одговори:
На закажаната конференција дојде со задоцнување, а ние настојувавме да добиеме одговор – кога и како ќе се изведе проектот за бесплатен превоз?
Конференцијата заврши, а ние не дознавме каков ќе биде планот. Уште еднаш ја замоливме за објаснување, но таа ни рече да се обратиме во општина од каде ќе ги добиеме сите детали.
Но, дали новата градоначалничка разговарала со претставници на Јавното сообраќајно претпријатие? Од таму, за ТВ21 рекоа дека досега немале никаков контакт со Арсовска.
„Прашањето најдобро да ѝ го поставите на градоначалничката Арсовска. Инаку, таа сѐ уште нема остварено средба со сѐ уште актуелниот директор на ЈСП Скопје, ниту, пак со него некогаш разговарала на таа или било која друга тема за начинот на функционирање на јавниот превоз и условите и можностите за спроведување на идејата за бесплатен превоз за сите категории на граѓани“, велат од ЈСП.
Едно од ветувањата на Арсовска беше и набавка на 250 еколошки автобуси за скопјани.
