Во Кина погубен поранешен директор поради земање мито

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Баи Тианхуи, поранешен извршен директор на компанијата за управување со финансиски средства „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, беше погубен во Кина откако беше осуден за примање мито во вредност од 156 милиони долари.

Егзекуцијата е извршена во општината Тјанџин во северна Кина по одобрение од Врховниот народен суд, пренесува државната новинска агенција Синхуа. 

Со пресудата донесена во мај 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, беше наредена конфискација на неговиот личен имот и беше наредено сите негови нелегално стекнати добивки да бидат вратени во државната каса.

Баи поднесе жалба на пресудата, но Вишиот народен суд во Тјанџин ја отфрли неговата жалба во февруари.