Во Косово нови 14 починати, 555 заболени и 324 излекувани од Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со Орбан и други политичари од регионот и Европа – ќе лобира за ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партискиот потрпетседател Николовски во следните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби...

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Карпош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.040 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 14 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.340 тестови со методот РТ-ПЦР (146.703 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 555 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 40.672, а болеста досега ја совладале 25.910 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 324 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 13.722 активни носители на коронавирусот.