Во Косово живеат 1,586,659 жители, или 150 илјади помалку од 2011 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Косово официјално има 1,586,659 жители, или повеќе од 150 илјади жители помалку од претходниот попис во 2011 година, кога биле регистрирани 1,735,825 жители.

Од женски пол се 790.014, додека од машки 795.552 жители.

Приштина очекувано има најголем број жители, 227.466, додека после него следува Призрен со 147.246, додека трет на листата е Феризај со 109.225.