Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 23 пациенти – вкупно се лекуваaт 315 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Белгиски суд донесе одлука дека носењето маска на јавно место е неуставно

Основниот суд во Брисел пресуди дека обврската да се носи маска на јавно место како противепидемиска мерка е неуставна. Ова...

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 286 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Општина Центар ќе додели 400.000 денари за помош на Петриња во Хрватска

Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари...

Најзадоволни од професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економисти и правници

Над 70 отсто од економистите и над 50 проценти од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на  Brainster. На...

Без вода корисниците од повеќе улици од Скопје

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Видое Смилевски Бато“, „Панче Неделковски“, „Ќемал Ататурк“ и „Коста Абрашевиќ“, информираат...

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 315 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми,

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало   7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

Вкупно 315 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.