Во Лондон наскоро ќе се отвори воздушен базен сместен меѓу згради

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Базенот, кој се протега од еден во друг станбен блок, повеќе од 35 метри над земјата и се вели дека е првиот пловечки базен во светот, наскоро треба да се отвори во Лондон.

Транспарентниот базен е долг 25 метри и се протега на растојание од 14 метри помеѓу два луксузни станбени блока во југозападен Лондон, објави Си-Ен-Би-Си.

Базенот треба да биде отворен на 19 мај, а според извештаите ќе може да го користат само жителите во зградите и нивните гости.

Двособен стан во овие луксузни згради чини повеќе од милион фунти.