Во Мексико пронајдени остатоци од 12 тајно закопани тела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Остатоците на 12 тајно закопани тела се пронајдени во северната мексиканска држава Чивава.

Како што соопшти обвинителството на мексиканската држава на границата со Соединетите Американски Држави, пронајдени се 11 гробници со останки на 12 тела.

„Неидентификуваните коски се пренесени во форензичките лаборатории во градот Сиудад Хуарез“, соопштија обвинителите.

Државата Чивава, која минува низ патишта кои се користат за шверц на дрога и шверц на мигранти, е место на насилство поврзано со организираниот криминал.

Според локалните власти, 3.927 луѓе исчезнале од 1952 година.