Во населено место со 120 километри на час! Секоја недела по една сообраќајка на „улицата на смртта“ во Тетово

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Африм Гаши за предлогот на Заев: Ова не е нова идеја

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за ТВ21 го коментираше предлогот на премиерот Зоран Заев за разговори со опозицијата да...

Милошоски: Заев потврди дека на Македонија и треба нова Влада, власта нема капацитет да излезе од кризата

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на...

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

Во моментов низ инфективните одделенија и болниците се лекуваат 795 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти...

Концерт во Израел, на трибините смеат само вакцинирани

Повеќе стоици лица кои се вакцинирани против коронавирусот, присуствувале во петокот на концерт на отворено, кој го организирала управата...

Секоја недела по една сообраќајна несреќа. Ова е црната статистика за 2020 година на улицата „Видое Смилевски Бато“ или позната како индустриска улица во Тетово. Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, на оваа улица во текот на 2020 година имало 50 сообраќајки од кои 30 завршиле со телесни повреди, а најчести жртви биле пешаците.

-На таа улица се случиле 50 сообраќајни несреќи, од кои 30 со тешки или лесни повреди, а 20 само со материјална штета. Повредените лица се пешаци, возачи или патници, а имавме и еден повреден велосипедист-вели Фатмир Реџепи.

На оваа улица недостигаат и сообраќајните знаци. Нема знак за ограничување на брзината, ниту пешачки премин.
Професорот за патен сообраќај, Блерим Неими вели дека полицијата треба да врши почести контроли.

-Пред сѐ максималната брзина треба да се ограничи на 40км на час. По можност да има и почесто учество на полицијата за контролирање на овој пат. Во однос на надвозникот, треба да се направи анализа за бројот на пешаците во овој дел. Согласно праксите и искуството, надвозниците не дале резултат, бидејќи пешаците не ги почитуваат истите-изјави Блерим Неими.

Но, со која брзина се вози по овој пат? На социјалните мрежи пронајдовме видео во кое возач од Тетово пред 24 часа објави видео во кое се гледа како се движи со брзина до 120 километри на час.

Оваа улица дели две населби на градот Тетово. Во едниот дел се наоѓа и основното училиште „Кирил и Методиј“, каде што 250 ученици секој ден треба да го преминат патот за да одат на училиште. Пред една недела автомобил удри 6-годишно девојче кое го загуби животот како резултат на голема брзина. Жителите од оваа област протестираа вчера, барајќи општинските власти да преземат нешто.