Во пожар во хрватски затвор седум лица пренесени во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот што избувна во сплитскиот затвор Билице во понеделник вечерта беше изгаснат од страна на затворскиот персонал, а пожарникарите ги евакуираа затворениците, од кои неколкумина побараа медицинска помош поради вдишување чад и беа префрлени во болницата во Сплит, соопшти Центарот за противпожарни операции во Сплит.

„Добивме пријава за пожар во една од ќелиите на затворот Билице околу 21:30 часот и по пристигнувањето на шест пожарникари со возило, затворскиот персонал веќе го изгасна пожарот во поголемиот дел, а пожарникарите веднаш ги евакуираа затворениците“, изјави Противпожарната служба за Хина.

Десет лица побарале медицинска помош како резултат на пожарот. Седум од нив се задржани во болница на понатамошно лекување, додека три лица се вратени во затвор по добивањето на лекување, соопшти полицијата утрово.

Местото на настанот е обезбедено веднаш по избувнувањето на пожарот, а денес ќе се спроведе истрага за да се утврдат околностите и причината за пожарот.

Фото: Архива