Во пукотница во ноќен клуб во Порторико, едно лице е убиено, а петмина се ранети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку еден млад маж е убиен, а пет лица се повредени, вклучувајќи две девојки, кои се во сериозна состојба, во пукотница во ноќен клуб во западен Порторико, соопштија денес официјални лица.

Жртвите од пукотницата во крајбрежниот град Мајагез се на возраст меѓу 18 и 21 година, соопшти полицијата, пренесува АП.

Властите го идентификуваа починатиот како 19-годишниот Џонатан Круз Гонзалез.