Во Романија, 15 години затвор ако знаеш дека имаш коронавирус и заразиш друго лице

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Романија одреди 15 години затвор за оние чие однесување за време на пандемија на коронавирус предизвикувале уште едно лице да почине.

„На оние што знаат дека се заразени и не ги почитуваат службените санитарни мерки им се заканува казна затвор од 15 години, доколку се потврди дека нивното однесување предизвикало смрт на некоја личност“, објави владата за време на презентацијата на новата уредба која е веднаш ефективна.

Во случај на непочитување на владината одредба насочена кон запирање на ширењето на „Ковид-19“, се предвидени казни до три години затвор доколку однесувањето не предизвикува последици, а до пет години доколку се појави инфекција. 

„Не можеме да дозволиме неодговорните луѓе да одат слободно и да ги инфицираат другите“, рече романскиот премиер Лудовиќ Орбан.

Букурешт исто така ја повика својата дијаспора да не се обидува да се врати во земјата поради ограничувањата на движењето во Европа.

Приближувајќи се кон Велигден, претседателот Клаус Јоханис побара „искрено, но со жалење 4 милиони Романци кои живеат во странство да останат во нивната земја домаќин бидејќи Европа е невозможно да се патува“.

Во Романија има 227 потврдени случаи на инфекција.