Во Русија зголемена продажбата на алкохол, властите предупредуваат дека не е лек против коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Русија последните недели е забележана зголемена продажба на алкохолни пијалоци, најмногу водка, виски и пиво.

Во последната недела од март, продажбата на водка е зголемена за 31 отсто во однос на истиот период минатата година, додека продажбата на виски за 47 отсто, а на пивото за 25 отсто.

Меѓутоа властите предупредуваат дека тоа не е лек против коронавирусот, иако многумина сметаат дека така ќе го „истераат“ вирусот кој се заканува.

Мерките што ги воведе Русија за намалување на ширењето на коронавирусот ќе бидат на сила до 30 април. Поради тоа, некои вработени се на неплатено отсуство, некои се отпуштени или со намалена плата.